July 2, 2022

Општина Новаци во посета на санитарната депонија EPADYM S.A. во Грција

На покана на Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Новаци зеде учество во студиската посета на санитарната депонија EPADYM S.A., Еордеа, Грција во близина на Птолемаида и Кожани.

Посетата на депонијата се реализира во рамките на проектот „ Одржливо управување со отпадот на локално ниво “ финансиран од Шведската агенција за развој SIDA, а спроведен од Шведската асоцијација на општини и региони SALAR. Целта на посетата е да се запознаат граѓаните на Општините Новаци и Битола со функционирањето на еден ефикасен систем за регионално управување со отпад како и да им се даде можност за разговор на оваа тема со експерти од областа на менаџирањето со отпадот и рециклажа.

Регионалниот систем за управување со отпад е важен дел од политиките и целите за заштита на животната средина и еден од главните критериуми на ЕУ агендата во земјата чија реализација е невозможна без широка поддршка од граѓаните. Преку учество на вакви слични студиски посети ќе се овозможи зголемување на знаењето и разбирањето за важноста од постоење на сеопфатен и ефикасен регионален систем за управување со отпад.

Leave a Reply

Your email address will not be published.