July 2, 2022

23 ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА ВО БИТОЛА

До 21 Мај во Битола се одржува 23 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во организација на НУ Центар за култура. Општина Битола, продолжува да биде финансиски поддржувач на овој значаен фестивал за градот, на кој оваа година учествуваат 13 монодрами од 11 земји од светот.

Фестивалот, кој годинава се одржува под мотото „ПОМЕЃУ“, беше отворен на 14 мај со гостувањето на Македонскиот народен театар и праизведбата на комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од младата авторка Нина Плавањац во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото

Во улогите на Таа и Тој играа првенците од ансамблот на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ.

На отворањето на фестивалот, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за кој културниот напредок на Битола е помеѓу приоритетите кои треба да се одржуваат, поддржуваат и потикнуваат, со цел континуирана промоција и развој на градот. Токму, фестивалот на монодрама еден од ретките фестивали глобално, посветени на оваа театарска форма.

Годинава, новина и вистинско освежување на фестивалот, е и дневната офф програма со учество на актери-живи статуи од Статуа Фест низ Широк Сокак. Дел од оваа програма во текот на фестивалот ќе бидат и артисти од битолската електронска сцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.