Активно се работи во Општина Новаци

Се чисти поројот во село Гермијан, кој беше целосно запоставен, запуштен и обраснат со бујна вегетација од моментот на неговата изградба до денес. Поројот беше изграден со цел да им даде заштита од поплави на месното населени а во состојбата во која се наоѓаше претставуваше огромен ризик при појава на овие несакани природни непогоди.

Покрај другите активности константно се спроведува и акција на косење на тревните површини, чистење на тротоарите и атмосферските канали низ населените места во Општина Новаци. Акцијата се спроведува со цел да ја направиме Општина Новаци да биде поубаво и посредено место за живеење.

Активностите се спроведуваат во соработка со КЈП „Комунална хигиена“ Новаци и АД „Водостопанство Подружница Битолско поле“, a под будното око на општинското раководство на чело со градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.