УНАПРЕДУВАЊЕ НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ПРЕКУ ПОЛИТИЧКО УЧЕСТВО НА ЖЕНИТЕ

општина Битола се дел од проектот за зајакнување на капацитетите на локалните комисии за еднакви можности и обезбедување на добро и претставничко владеење, заедно со уште 70 советници од дваесет општини.

На првата од трите обуки, чија цел беше да се воведат членовите на локалните комисии во законските права и обврски кои тие ги имаат како советници, да ги зајакнат своите вештини во врска со родовата рамноправност, претставувањето на граѓаните, доброто владеење, постигнувањето на консензус, принципите на инклузивност, транспарентност и антикорупцијата, присуствуваа и членовите на комисијата за еднакви можности при Советот на општина Битола, како и претседателката на комисијата и претседателка на Советот, Габриела Илиевска. Поддршка за реализација на проектот даде и нејзината екселенција Кристин Форсгрен Бенгстон, амбасадорка на Амбасадата на Шведска во Македонија.

Обуката е дел од проектот #WoMenLead „Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените“, имплементиран од Националниот демократски институт (NDI), Амбасада на Шведска во Скопје и организацијата Сида (Styrelsen för Internationellt Utvecklingssamarbete).

Leave a Reply

Your email address will not be published.