Рекорден број Финци се за НАТО, покажува најновата анкета

Рекорден број Финци се за НАТО, покажува најновата анкета

Според истражувањето објавено од јавната телевизија, 76 отсто од Финците – рекорден број – сакаат земјата да се приклучи кон НАТО. Таа бројка во март била 60 отсто. Во целиот политички спектар, испитаниците се за влез во Алијансата, заклучува истражувањето на јавното мислење.

Како и во Шведска, руската инвазија на Украина го промени ставот на јавноста кон Северноатлантската алијанса. Пред инвазијата, поддржувачите на пристапот на Финска во НАТО беа меѓу 20 и 30 проценти во последните години.

Се очекува Финска да аплицира во следните неколку дена. И во парламентот мнозинството се за членство во НАТО – 121 од 200 члена. Само десет гласале против.

Leave a Reply

Your email address will not be published.