Бајден за Украина го реактивираше законот за воена помош од Втората светска војна

President Joe Biden poses for his official portrait Wednesday, March 3, 2021, in the Library of the White House. (Official White House Photo by Adam Schultz)

Бајден за Украина го реактивираше законот за воена помош од Втората светска војна

„Украинците секој ден се борат за своите животи”, рече Бајден во Овалната соба, додавајќи дека „таа борба е скапа, но попуштањето пред агресијата би било уште поскапо”.

Потпишаниот документ, „Закон за заем за одбрана на демократијата на Украина од 2022 година”,  се заснова на програма од Втората светска војна, чија цел беше да и помогне на Европа да се спротивстави на Хитлер.

Тој беше поддржан од речиси сите претставници во Конгресот, освен десетмина од Претставничкиот дом кои гласаа против, се вели во соопштението на Белата куќа.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, администрацијата на Бајден му испрати на Киев воена помош од околу 3,8 милијарди долари. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.