КИРИЛ ПЕТКОВ НА ПЕЕЊЕ ВО ВАШИНГТОН

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 169)

  1. Вистинска бура се случува деновиве ЗА и ОКОЛУ Македонија! Како никогаш до сега толку многу значајни настани се поврзани so нашата земја! На арно ќе да е – се надевам!!!
  • Првата радосна и за нас долго очекувана вест стигна од Стамбол град и гласи дека Синодот на Вселенската Патријаршоја ја призна МПЦ-ОА за канонска црква која не е веќе во раскол со православниот свет! Втората, се разбира не помалку политички важна стигна од Вашингтон од каде е најавен “стратегиски дијалог” помеѓу владите на САД и Република Македонија. А во нашата земја, на полигонот Криволак, деновиве ке се одржи една од најголемите воени вежни на НАТО алијансата во јужното крило со учество на над четири илјади војници од шест членки на Аклијансата и со бројна оклопна и друга техника и авијација. Во контекстот на случувањата ќе ја поместам и посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Вашингтон каде, сигурен сум дека ке биде “пејан” во Стејт Департментонт зарада садистичкото изживување на званична Бугарија со нејзините национал-шовинистички блокади и уцени за почеток на преговорите на нашата земја за членство во Европската Унија.
  • Потегот на Св. Синод на Вселенската Патријаршија е од огромно значење за нас православните македонци дома и во дијаспората, бидејки го очекувавме со децении. Каква иронија на судбината, Македонската православна црква која со право може и треба да се смета за апостолска црква, беше незаконски укината од Турски сулктан (муслиман, кој немал такво право и овластување) во 1767 година, за македонските епархии да бидат разграбувани по поделбите на Македонија во Балканските војни (191201913). Со одлука на денешното (9.05.2022) заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, предводен од вселенскиот патријарх Вартоломеј, Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е призната за канонска црква! Оваа одлука за познавачите на црковната проблематика не значи томос (акт) за автокефалност, туку претставува објава дека МПЦ-ОА не е во шизма и раскол со православниот свет!!! Со други зборови, Вселенската Патријаршија ја признава црковната хиерархија предводена од Архиепископот г.г. Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.
  • Вселенската Патријаршија ја призна МПЦ-ОА под името „Охридска” (имајќи ја на ум како област на нејзината јурисдикција владението во границите на државата Република Македонија).Ваквиот чекор на Патријархот Вартоломеј и на Вселенската Патријаршија претставува историски настан, бидејќи конечно се исправа долгата неправда нанесена врз нашата Црква, велат од МПЦ-ОА. Признавањето на каноничноста од страна на Мајката Црква, првопрестолната Вселенската Патријаршија ѝ стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија, додаваат оттаму.
  • Воените стратези и аналитичари се сепогласни дека сегашната воена агресија врз Украина може лесно да се прелее и во регионот на западниоит Балкан каде е сеповидливо руското влијание, особено во Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ. Додуша и кај нас, во Македонија, не е мал бројот на оние што се проруски настроени, но главно како резултат од гневот и незадоволството од непринципиениот став на ЕУ која во недоглед го одолговлекува почетокот на преговорите на РМ за членство, на што силна подршка добиваме во континуитет од САД. Токму заради тоа и како одговор од САД, претпоставувам е и американската иицијатива за стратегиски дијалог со РМ што ќе почне на 2ри јуни на којшто, верувам ќе има и цврсти аранжмани со цел да се зајакне американската подршка на Македонија.
  • Воената вежба на НАТО трупите во полигонот Криволак секако е многу значаен настан од неколку причини. Пред се, таа многу ке помогне за обука на нашите професионални војници, но исто така и е значајна за безбедноста на државата. Додуша, македонските војници и досега учествуваа во повеќе операции на НАТО (ИСАФ операцијата во Авганистан на пример), но претстојната вежба секако ке биде одлична прилика за стекнување нови експертизи и искуства.
  • За посетата на Кирил Петков на Вашингтон не чувме многу но не ја исклучувам можноста врз него да биде извршен голем притисок Бугарија да го промени своето однесување кон Македонија и да престане да го условува нашето членство во ЕУ со невозможни и неприфатливи барања. Впрочем, Вашингто веќе и даде жолт картон на Бугарија со одбивањето на Конгресот на САД да одобри продажба на ескадрила супермодерни авиони Ф35. Белким во Софија ја сватија пораката дека нивното насилие кон Македонија, земја-сојузник во НАТО, НЕ ПОМИНУВА!!!

2. Невиден скандал се случува во основното училиште Киро Глигоров во Скопје. Замислите, приватен угостител си го зел под наем училишниот двор за да постави кафуле, а за директорката што му го овозможила тоа “се било по закон”!? Со право викендов во дворот се собраа родители кои протестираа заради ваквата бескрупулозност и крајна негрижа за интересите на децата. Да не се лажеме, оваа операција не е направена “за лепе очи”, што би рекле скопјани и најверојатно кафанџијата се испрсил повеќе илјади евра за “разбирањето” и “противуслугата” од директорката!? А дотичната директорка која и самата најверојатно е мајка и пред се педагог како да не сваќа дека кафулињата се најчесто места каде се продава дрога и слични поганштии.

Се придружувам на протестот на родителите и следниот пат и саиот ќе појдам на протест бидејки моја внука од ќерка оди во тоа училиште.

Но сугерирам: министерот за образование најитно да и даде отказ на диреркторката, па дури да побара кривична одговорност од неа бидејки навистина станува збор за скандал без преседан!!! Но бидејки министерот е од народностите, како и кафанџијата-закупец, се сомневам на крајот да не испадне онаа – народната “врана на врана очи не вади”!?

Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Leave a Reply

Your email address will not be published.