Oд денеска ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата почнуваат активна блокада на Собранието

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска по состанокот со пратеничката група на неговата партија и коалицијата „За обнова на Македонија“, соопшти дека е потврдена одлуката за активна блокада на Собранието.

Блокадата, напомена Мицевски, почнува од утре, а подразбира „попречување на штетните закони и политики“.

Како што истакна Мицевски, „ова е процес што ќе трае најверојатно до пад на ова Влада и одржување предвремени избори“.

– Подготвени сме да одиме до крај зашто можеме и мораме да ја осигураме иднината на граѓаните, изјави Мицевски пред седиштето на партијата.

Одлуката за активна блокада на Собранието што претходно ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, според Мицевски, на денешната средба била едногласно прифатена.

На координативната средба присуствуваше и лидерот на партијата Христијан Мицкоски

Leave a Reply

Your email address will not be published.