July 2, 2022

Млекото во маркетите преку ноќ драстично поскапе, кој ќе ги заштити граѓаните

Драстичен раст на цените на млекото во тетрапак низ продавниците забележуваат граѓаните, кои алармираат дека цената достигнува и до 70 денари за литар млеко. Поскапувањето како што кажуваат читатели на „Фактор“ е забележано во повеќе маркети во главниот град, а како што потенцираат биле фрапирани од големите разлики во цените за само еден ден.

  • Секој ден купуваме тетрапак трајно млеко од еден литар, најмногу за домашни потреби, и тоа низ некој од поголемите маркети во Скопје. Во средата што да видам, сите млека беа значително поскапени, дури и за дваесет денари, можеби некои помалку од 20 денари, но битно сите беа поскапени, од домашните, до турските, српските и хрватските производи, без оглед на масленоста. Ако до вчера цената на млекото беше 55 денари, сега цената на литар тетрапак ја платив 68 денари, ова беше голем шок за нас – вели Кузман Атанасов од Скопје.

Тој не е единствениот кој забележал зголемување на цените на млеката, напротив за оваа состојба алармираат голем број граѓани, кои велат неопходно е млекото како основен производ да се заштити од енормниот раст на цените.

Цел текст: https://faktor.mk/mlekoto-vo-marketite-preku-nokj-drastichno-poskape-koj-kje-gi-zashtiti-gragjanite?fbclid=IwAR1FUe2jYPIOIy7uc0a8LcS-iof32FZq8DMdh4Js7V1q_IsFZQcCZqTX3IE

Leave a Reply

Your email address will not be published.