0 денари за ‘Jazz Factory Festival Битола 2022’ од Министерството за култура

Професорот М-р Сашо Поповски, човекот кој организира Џез фестивал во Битола, на својот фб профил реагира за финансиската подршка од Министерството за култура, која изнесува 0 денари.

За каква децентрализација и за каква подршка на културата разговараме со ваков однос од централната власт.

Објавата ја пренесуваме во целост :

Почитувани, од џез вестите за денес издвојуваме дека после 4 години континуирана поддршка јубилејниот 5ти Jazz Factory Festival Битола 2022
НЕ Е ПОДДРЖАН
од Министерство за култура / Ministria e Kulturës во програмата за финансирање на проекти од национален интерес во културата. Неуспешни останаа сите мои напори во насока на објаснување на значењето на фестивалот за Пелагонискиот регион како и самата идеја за формирање на ваква културна манифестација од интернационален карактер која во главен фокус ги става Македонските џез уметници преку нивна промоција дома и во европските земји преку веќе создадена мрежа од џез фестивали.
Зборувајте ми за „културна“ децентрализација и колку е таа битна за рамномерниот културен развој на државата после кратката статистика на поддржани

Џез фестивали од страна на министерството за култура објавена на нивата веб страна,
БИТОЛА 0 денари
СКОПЈЕ 10.883.750 денари
НЕГОТИНО 60.000денари
ШТИП 153.000 денари
КУМАНОВО 504.000 денари
ПРИЛЕП 504.000 денари
КАВАДАРЦИ 182.750 денари
(однапред се извинувам доколку пропуштив некој џез фестивал од конкурсот)


Џез Фабрика Фестивал беше еден од ретките фестивали кои во време на пандемија од КОВИД 19 во целост ја реализира својата програма (2020-2021) во период кога доста поголеми „реномирани“ фестивали ги откажаа своите изданија.
ЈАВНО сакам да ја поканам министерката за култура
г. Бисера Костадиновска Стојчевска
како и членовите на комисијата за музичка и музичко-сценска дејност
г. Бранка Костич
г. Бехар Весели
г. Нинослав Димов
г. Искра Шукарова
г. Авни Чахили
да го посетат Џез Фабрика Фестивал Битола од 7 до 9 Јули 2022г. и од прва рака да се запознаат со оваа културна манифестација.
Очигледно е дека ни е потребна јавна дебата во насока на подобрување на Џез сцената, креирање на нова стратегија преку која Џез фестивалите ќе имаат континуиран развој и иднина, а со тоа и резултатите од реализираните проекти во блиска иднина би не ставиле на Европската Џез мапа. Само преку диалог со луѓето и релевантните државни иституции (Џез Академии, Џез Фестивали, Здруженија на Џез Музичари итн.) кои се дел и во изминатите години ја креираат Џез сцената во Македонија ќе дојдеме до позитивни резултати и задоволни крајни корисници.
Искрено,
ред. проф. М-р Сашо Поповски

Leave a Reply

Your email address will not be published.