July 2, 2022

Некогаш денот траел 18 часа? Седум неверојатни факти за времето кои можеби не сте ги знаеле

Сите сончеви часовници не работат на ист начин. На северната хемисфера, сонцето фрла сенка што се движи од север кон исток низ југ кон запад. На јужната хемисфера сенката се движи во спротивна насока.

Времето е релативен поим. Од една страна тешко поминува денот кога ни е досадно на работа, а од друга страна времето лета како лудо кога имаме краток рок за извршување на важна задача. Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за времето.

1. Живееме во минатото
Ова можеби звучи како премиса на некој научно-фантастичен филм, но секој човек на Земјата технички живее „во минатото“. Нашиот мозок ги перцепира настаните приближно 80 милисекунди откако ќе се случат . Затоа физичарите тврдат дека не постои „сега“ и дека животот во сегашноста е целосна илузија.

2. Денот порано траеше 18 часа
Пред 1,4 милијарди години, еден ден на Земјата траел околу 18,7 часа. Нашите денови сега се подолги поради гравитацијата на Месечината, која ја забавува ротацијата на Земјата. Експертите пресметале дека на секои 100 години денот се продолжува за 0,002 секунди.

3. Во некои делови на Кина сонцето изгрева во 10 часот
Големите земји како САД и Русија имаат повеќе временски зони. Кина, од друга страна, има само една временска зона . Најнаселената земја во светот го усвои стандардното време (време во Пекинг) за да го поттикне единството меѓу своите граѓани. Сепак, ова води до интересни детали – два града во иста земја на приближно иста географска широчина можат да го доживеат изгрејсонцето во растојание од неколку часа. Во некои делови на Кина, сонцето изгрева околу 10 часот.

4. Германците први ги поместиле часовниците
Летното сметање на времето првпат го користеле Германците за време на Првата светска војна – тие ги поместиле часовниците напред на 30 април 1916 година.

5. Времето се мери веќе 12.000 години
Најстариот лунарен календар пронајден во светот датира од 10.000 година. п.н.е., а е пронајден во Албан Хилс во близина на Рим, Италија. Тоа е всушност камче со 27 или 28 врежани ознаки кои поради изгледот и просторната распространетост укажуваат дека се засновани на лунарниот циклус.

Титулата за најстар лунарен календар во светот претходно ја имаше Ворен Филд во шкотската провинција Абердиншир . Овој календар датира од 8000 година п.н.е. и се состои од 12 јами кои ги имитираат фазите на Месечината.

6. Сите сончеви часовници не работат исто
Сончев часовник е астрономска направа која го покажува времето користејќи ја положбата на Сонцето. Сите сончеви часовници не работат на ист начин. На северната хемисфера, сонцето фрла сенка што се движи од север кон исток преку југ кон запад. На јужната хемисфера сенката се движи во спротивна насока.

7. Часовниците на рекламите секогаш покажуваат 10 часа и 10 минути
Ако сте љубител на часовници, сигурно досега сте забележале дека во повеќето реклами и продавници, часовниците покажуваат исто време – 10 часа и 10 минути. Ова не е случајност, туку маркетиншки трик. Покажувачите во овој момент најдобро го истакнуваат логото на брендот, а истражувањата покажаа дека тоа нè поттикнува да купуваме повеќе.

Leave a Reply

Your email address will not be published.