Свечен пијано концерт во чест на ЕВРОПА на маестро Дино Имери во Палатата на културата – Офицерски дом во Битола

Културен и информативен центар – Битола, поддржан од Општина Битола, а по повод 9 Мај  „ Денот на Европа“ со особено задоволство го најавува свечениот концерт на маестро Дино Имери, во концертната сала на Палатата на културата – Офицерски дом во Битола.

Овој настан е дел од програмата за одбележување на „Денот на Европа“ на Општина Битола и  е прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“  по пренесувањето во  Палатата на културата – Офицерски дом и воедно промоција на концертната сала во истиот. 

Токму затоа претставува особена чест, што овој настан започнува со маестро Дино Имери. На програмата се дела од: Ф. Шопен, Ф. Лист, А. Џамбазов, Д. Имери, М. Завков, С.Н. Ѓумар.

Понеделник, 9 Мај, почеток  20.00 ч. Резервации и влезници во билетарата на Културен и информативен центар Битола или на официјалната страна на центарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.