July 2, 2022

Дали Македонија ке го достигни “плафонот” на својата економска независност

Дали Македонија со ваков тренд на стопански развој и задолжување ке го достигни “плафонот “на својата економска независност, а тоа допринесува и за се останато во негатива ?
Јавниот долг надминува 65%, а еден од критериумите за влез во ЕУ е под 65% јавен долг !
Следно капитални инвестиции испод формулата за износ во контекст на висината на националниот буџет. Имено ако буџетот изнесува 4 милијарди 200 до 300 милиони евра имаме капитални инвестиции и тоа реализирани едвај 50%.
Ако анализираме структурално во кој домен се креирани и за што ке видиме дека нема брзоповратни инвестициони влозувања, а најмалку во енергија и домашни ресурси кои би создале нов општествен производ кој креира подигнување на ГДП.
Толку незнаење за основни економски законитости, а се фалиме со институции кои добар дел од колачот земаат по основ на плати и статистички показатели кои едвај можиш, да ги најдеш, а се фалиме со Завод за статистика тоа е контрадикторно в крај.
Академијата на науки нема економски развоен предлог план краткорочен долгорочен како би се движела економијата ….
Гледано вака како што стојат сега работите се е ставено на грбот на народот по изреката снаоѓај се за да преживееш !
Државата е претежно политички продукт најмалку слуга на народот.
Задолжување мора да има по принципот земаме нов кредит да го вратиме стариот.
Се е насочено кон губење на економскта независност, а тоа води кон зависност и на останатите параметри од независниот карактер на државата основно правило во економијата.

Д-р Љупчо Бошевски

Leave a Reply

Your email address will not be published.