July 2, 2022

Мицкоски: Бидејќи Ковачевски бега од избори, ќе предложам АКТИВНА БЛОКАДА НА СОБРАНИЕТО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во своето гостување во дневникот на Сител телевизија нагласи дека бидејќи Ковачевски нема слух за дијалог и соочување со македонскиот народ, тогаш тој ќе предложи активна блокада на македонското Собрание.

„Често пати кога се движам меѓу граѓаните ми го поставуваат прашањето што прави ВМРО? Што правите вие? Зошто молчите? Што е ова што се случува? Дури и има една таква перцепција еве ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори па се задоволи со тоа, а овие ја имаат централната власт, сите си се среќни и работите си се движат во таа насока. Но не е така. Не е така. Некој активно се труди да ја наметне тезата дека сите се исти, рече Мицкоски.

Тој посочи дека ќе се демантира таа теза и дека не се сите исти.

„И токму поради тоа сакам на утрешната седница на Извршниот комитет да излезам со првиот чекор, најверојатно тоа ќе биде некаква активна блокада на македонското Собрание. Кога велам активна блокада, мислам блокада на се што ќе биде таму со исклучок на закони кои што значат повисоки плати или некаква помош на граѓаните“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека се останато ќе предложи на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да биде блокирано, дали преку филибастеринг односно преку амандмани или преку активно говорење и на комисиските седници и на парламентарната седница. А, тоа нормално значи отворање на дискусија на Извршниот комитет и да се разговара на ова тема.

„Најсреќни би биле тие би рекол инсталации на Спасовски кои што провоцираат една таква дебата дека сите се исти, да ние го напуштиме Парламентот и да го бојкотираме. А, тогаш би поминало се. Буквално би поминало се и тогаш никој не би почувствувал дека нешто не е во ред во Македонија. А, дефинитивно не е во ред. Односно не знам што е во ред ниту во полето на економијата, ниту во образованието, ниту во здравството“, посочи Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.