ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ЗА ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ

По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Битола, ја испрати следната честитка:„До сите верници од исламска вероисповед, упатувам срдечни честитки по повод големиот празник Рамазан Бајрам во мое лично име и во име на општина Битола. Ви посакувам да ги поминете празничните денови во радост, мир и спокој, заедно со Вашите семејства. Љубовта, солидарноста и грижата за другиот, нека останат длабоко во Вашите срца. И духот на овој празник, нека ни биде показател дека заедно, сплотени, можеме да се соочиме со предизвиците на денешнината, да ги надминеме последиците од економската, енергетската и здравствената криза и да се грижиме уште повеќе еден за друг. Рамазан Бајрам е ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, кога благородниот дух ги простува грешките на другите, Честит Рамазам Бајрам!“

Leave a Reply

Your email address will not be published.