ПЕЛИСТЕР СЕ САКА И КОГА ПОБЕДУВА И КОГА ГУБИ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, вчера во Битола не успеаа да ја добијат битката за првото место во ракометната супер лига со ривалот Вардар од Скопје.

Битолчани уште еднаш покажаа дека ова е ракометен град, а на трибините беше и градоначалникот Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела Илиевска и советниците од битолскиот Совет.

Од трибините одекнуваше целосната поддршка за Еурофарм Пелистер, а навивачите, во препознатливата зелено-бела боја, испратија порака дека Пелистер се сака и кога победува и кога губи.

Поддршката за битолските ракометари е најважна во нивните настапи, а спортската сала „Боро Чурлевски“ беше исполента до последното место, како што доликува на ракометна Битола.

На натпреварот му претходеше целодневен настан, Фан ЗОНА на РК Еурофарм Пелистер, спонзориран од Златен Даб, на платото на Офицерски дом во Битола. Организаторите РК Еурофарм Пелистер, Општина Битола и ЈОУ Културен и информативен центар Битола, пред натпреварот подготвија голем ракометен хепенинг и отворена фан-зона, на која посетителите имаа можност да пробаат вкусна храна и ладно пиво, а воедно да го проследат настапот на Dj Chico, BERRYQYAT,Ognen & Buki и групата Паркети.

Посетителите на Фан зоната можеа да набават и дресови, шалови и останати производи со заштитниот знак на клубот, а натпреваорт се следеше на голем видео-бим, со што сите љубители на ракометот, можеа да го следат натпреварот во живо, од Офицерскиот дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published.