Битола ќе „гори“ во борба за титулата

Екипата на Еурофарм Пелистер има шанса на домашен терен да ја потврди шампионската титула во домашната Суперлига.

Тимот на Жељко Бабиќ не смее да загуби на денешното дерби против Вардар 1961, ако сака да го задржи врвот на табелата. Доколку ја оствари целта, битолскиот клуб ќе застане на чекор од освојување прв шампионски трофеј по далечната 2005 година. Тогаш „зелено-белите“ славеа во финалната серија против Металург и се израдуваа на шестиот трофеј во својата историја.

Од таа сезона започна доминацијата на скопските претставници. Вардар и Металург меѓу себе поделија седумнаесет титули. Десет завршија во витрините на „црвено-црните“, а останатите шест ги освои клубот од Автокоманда.

Битола најавува ракометен спектакл за последното сезонско дерби во „Боро Чурлевски“. Публиката се очекува да направи нов спектакл, а за возврат очекува позитивен резултат кој ќе значи кам-бек на титулата кај Еурофарм Пелистер по долга пауза.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 се игра во терминот од 19:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.