July 2, 2022

Честитка од УМС на ВМРО ДПМНЕ – Битола, по повод Светскиот ден на планетата Земја

Стефан Думалоски, секретарот на УМС на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, преку видео сподели порака пред битолска јавност, за да каже нешто повеќе за Светскиот ден на планетата земја. Стефан Думалоски е познат на битолската јавност по тоа што беше кандидат за советник на локалните избори за 2021 година.

Тој е студент на Техничкиот факултет, при УКЛО Битола.

‚‚Денес, по повод денот на планетата Земја 22 април, УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола подготви видео кое треба да биде во насока на будење на свеста кај сите граѓани, дека нашата планета Земја е нашиот единствен заеднички дом. Нашата планета ќе опстои само ако ние ја чуваме доволно чиста, здрава, зелена, со помалку бетон, со помалку согорување на фосилни горива, со помалку тешко раградлив отпад итн. Сите заедно да се потрудиме за нашиот заеднички дом. Да бидеме единствени во мислите кога станува збор за зачувувањето на “здравјето” на нашата планета Земја‘‘.

УМС на ВМРО ДПМНЕ, Битола е авангардата на денешницата, предводник на промените. Промените започнаа, младина за пример!

#Модернизираме

#МладиСоВизија

Leave a Reply

Your email address will not be published.