Концертниот клавир со кран пренесен во Офицерскиот дом во Битола

Концертниот клавир Безендорфер (Bösendorfer), донација од бизнисменот Трифун Костовски во 2002 година, е преместен од Завод и Музеј Битола во резидентната концертната сала на Офицерскиот дом во Битола.

Од ЈОУ КИЦ-Битола истакнаа дека постепено се создаваат услови за големи настани за љубителите на класичната музика и културата воопшто.

-Со овој чин концертната сала при Офицерскиот дом на ЈОУ КИЦ- Битола прераснува во еден од најекслузивните концертни простори за класична музика во регионот и отвора нови можности за презентирање на музичката култура од земјава и странство издигнувајќи ја ЈОУ КИЦ- Битола во рангот на културни установи со високи концертни перформанси, истакна директорката Лили Бошевска.

Наскоро јавноста ќе ја има и можноста да присуствува на првите концертни настани предвидени со програмата на КИЦ Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.