July 2, 2022

„Ковачевски наместо да молчи да побара од Петков отворање на македонски клубови во Бугарија“

Ковачевски наместо да молчи да побара од Петков отворање на македонски клубови во Благоевград и Сандански. Ако и Петков е за добрососедство тогаш ќе отвори македонски културни клубови во Благоевград, Сандански или Софија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Тие додаваат дека  Ковачевски треба да побара и рамноправност и заштита за Македонците во Бугарија.

– Наместо да ги минира позициите на Македонија со прифаќање на веќе одбиени предлози или кој знае што уште не прифатил, нека почне да се грижи за македонските интереси и црвени линии исцртани со Декларацијата од Собранието, истакнаа тие.

Leave a Reply

Your email address will not be published.