Радио, џубокс и музичка енциклопедија за Битола на едно место

Екипата на ПелаНет започна со реализација на интересен проект кој ќе ја збогати битолската културна понуда на интернет и сите заинтересирани ќе можат на лесен начин да имаат пристап до мизичкото творештво во градот.
Проектот е замислен како база каде што ќе бидат поставени сите песни од битолски извведувачи, композитори , текстописци и др., а би можеле да се чујат во кое било време и на било кое место во светот. Софтверот во почетна фаза е изработен од два дела и тоа првиот дел, кој е и еден вид насловна страна има радио плеер(Радио БТ – нон стоп битолски песни), кратко појаснување за страницата и можност да се внеси песна, со податоци за авторот, песната и контакт податоци.

Втората страна е еден вид именик каде што се избира изведувачот од изборникот и се добиваат сите песни , фотографија и кратка биографија на артистите. Од како ќе се избере песната можи да се преслуша преку плеерот кој е поставен за таа намена.

Значи сајтот функционира како интернет радио “РадиоБТ“(кое во иднина ќе има повеќе канали според музичките жанрови), џубокс(каде можеме да ја одбереме песната која ја сакаме) и енциклопедија за музиката во Битола.
Во наредниот период е замислено да се додадат и фото албуми, потоа видео содржини, а сајтот да добие и повеќејазична подршка.
Посетете го сајтот кој се наоѓа на адресата www.bttop.pelanet.mk , отворени сме за соработка и очекуваме ваши критики, пофалби, сугестии, предлози и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published.