July 2, 2022

КАТЕДРА АДЕНАУЕР 2022: ЕУ ПО РУСКАТА ИНВАЗИЈА – НОВ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ЗАБРЗАН ПРИСТАПЕН ПРОЦЕС НА ЗАПАДЕН БАЛКАН?

Во Офицерскиот дом во Битола, денес се одржа настанот „Катедра Аденауер 2022: ЕУ по руската инвазија – нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан?

Овој настан Фондацијата Конрад Аденауер го организира во партнерство со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола.

Свое обраќање пред присутните на панел дискусијата, имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна:

„Сакам да Ви се заблагодарам што во Битола се одржува еден ваков настан кој во насока на слободата, правдата и солидарноста, актуелизира важни прашања кои се однесуваат пред се, на создавањето можности за слободен и достоинствен живот во европски и меѓународен контекст.

Како држава, во последните повеќе од две години, и ние ги чувствувавме многу од проблемите со кои се соочуваат најголемиот број од земјите од светот. После „борбата“ со корона кризата, сега се соочуваме со економска и енергетска криза.

Последиците од моменталните воени дејствија, факт е дека влијаат и врз нашиот социо – економски напредок, но сепак сигурен сум дека со добро стратешко делување и на централно и на локално ниво, можеме да направиме многу повеќе за полесно да се надминат моменталните состојби и да се подобри животот на граѓаните.

Меѓународната соработка е многу важна не само за нас како држава, туку и за повеќето земји од регионот, посебно за земјите од Западен Балкан.

Верувам дека денешната дискусија, ќе отвори многу прашања, но и ќе даде добри насоки и препораки за чекорите кои треба да бидат преземени во понатамошниот период“, рече градоначалникот Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.