September 26, 2022

Почина хрватската кошаркарска легенда Петар Сканси

Славниот хрватски кошаркар и тренер, Петар Сканси почина денеска на 78 години. Сканси е најпознат по тоа што беше тренер на хрватската репрезентација на Олимпијадата во Барселон во 1992 година, кога го освоија среброто зад „дрим-тимот“ на САД.

Сканси, кој играше на позицијата центар, беше дел од југословенската репрезентација која во 1970 година ја освои светската титула, а имаше и сребро на Олимпијадата во 1968 гоина и сребро на СП во 1967 година.

Сканси беше кошаркар на Југопластика, италијанскиот Пезаро, а потоа беше и тренер на Југопластика. Тој беше тренер и на Скаволини, Венеција, Рома, Бенетон, Болоња, ПАОК и Сплит.

ФИБА во 1991 година го смести во изборот на најдобри 50 кошаркари во историјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.