September 26, 2022

Германија протера 40 руски дипломати, а Франција најави протерување на 35 руски дипломати

Германското Министерство за надворешни работи одлучи 40 вработени во руската амбасада да ги прогласи за персона нон грата, објави германскиот неделник „Шпигел“.

Оваа информација ја потврди и министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, без да го наведе бројот на руски дипломати што ќе бидат протерани, пренесе „Интерфакс“.

Бербок рече дека владата во Берлин одлучила да ги прогласи за непожелни „значителен број вработени во руската амбасада“, кои, како што наведе таа, „секојдневно работеле против нашата слобода и единството на нашето општество“.

,,Нивната работа претставува закана за оние што бараат наша заштита. Ние нема да го толерираме тоа“, рече Барбок.

Таа додаде дека за таа одлука денеска бил информиран рускиот амбасадор во Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.