БОЈКОТ НА ПОПИСОТ И РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

(Цртички и отровни стрелички – 163)

1. Иако електронски спроведен, што значи прелиминарните податоци можеа да бидат на увид за само 24 часа, дури седум месеци по спроведувањето на таканаречениот “попис” тие испливаа во јавност. Бројките од долго очекуваната и по 21 година од последниот попис спроведена операција, што се појавија во јавноста внесуваат голем немир речиси кај сите во земјата заради нивната сомнителна и со полно право оспорувана (не)објективност и неверодостојност! Tоа е, пред се, резлутат на слепата послушност на домашните измеќари на странскиот фактор длабоко инволвиран во домашните случувања. Далеку било, да се надеваме дека и оваа егзибиција наречена “попис” на номенклатурата на власт нема да доведе и до дестабилицзација на земјата и по кој знае кој пат длабока криза заради нечии т у ѓ и интереси, а не заради интересите на народот на Македонија.

Постојат ептен многу причини да не веруваме во објективноста на пописот поради очигледното и тенденциозното настојување да се штимаат и како такви да се презентираат бројки кои никако не соодвествуваат со вистинската слика за бројноста на населението во земјата и поединечно на етничките заедници во РМ.

Во прв план пред очи ми е сценариото на длабоката држава (кое ми е добро познато од пред седум-осум години) во кое е зацртано дека бројот на албанците во Македонија треба да биде 30% од вкупното население, без разлика колку реално изнесува тој број на теренот. Но, пред да прејдеме на бројките што седум месеци ги штимаше Државниот завод за статистика, прашувам: како е можно нивниот бројот речиси да се дуплира за 20тина години, бидејки според сознанијата што лично непосредно ги имам од амбасадори во Македонија од серозни држави (членки на НАТО) во стилот “off the record”, т.е.неслужбено, бројот на албанците тогај (пред 21 година) не бил поголем од 16 проценти!? Неспорно е дека се иселнуваат многу млади македонци, но се иселуваат и албанци, истото важи и за наталитетот и морталитетот и кај едните и кај другите, но за такви драстични разлики едноставно не можам да верувам и да ги прифатам!

Уште пред да почне фамозниот попис пред седум месеци, кристално јасно беше дека тој е фаличен и по многу основи ќе е неверодостоен, во прв план заради инсистирањето за попишување на иселениците кои во моментот на попишувањето повеќе од една година престојуваат в о н земјата. Такво нешто во светската пракса, но и според Евростат, НЕ ПОСТОИ!!!. Па замислите една Франција, Обединетото Кралство, Италија, или Хрватска, Грција и други земји каде е карактеристично иселувањето, да организираат попис во нивната дијаспора!? Тоа е невозможна мисија, а сите планови за активности на споменатите и други земји карактеристични со иселувањето го планираат според приближни проценки, а не со попис! Иако на тоа многумина укажуваа, Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, си опстои на директивите од длабоката држава егзекутирани преку поданичката власт СДСМ-ДУИ што несомнено ќе има долгорочни несогледиви последици за сите нас.

Резервираноста меѓу македонското население дома кон спорниот попис, како и можните наштимани резултати од истиот беше очигледна. Како личен пример ќе наведам дека мојата ќерка и нејзиното семејство НЕ БЕА ПОПИШАНИ, иако во два наврати самите лично интеревенираа до надлежните за да пратат попишувачи на нивната адреса!? Такви примери има многу, а пак ќе го прашам Апостол Симовски: како ги третираше таа категорија на граѓани при “сумирањето на резултатите на полисот”? Од друга страна, истиот тој А. Симовски јавно се закануваше со затвор или друг вид санкции ако не се попишите, злоупотребувајки ја службената позицијата директор на Државниот завод за статистика, за што сметам дека еден ден треба да одговара за своите постапки!!!

Несомнено е дека и А. Симовски и самата институција Државен завод за статистика се злоупотребени од актуелната власт и наместо статистичка, спроведоа политичка операција што е дел од сценариото за разнебитување на македонската нација како долгорочен проект заради задоволување на суетата на некои од нашите соседи кои не можат да се помират со фактот дека на планетава постои нација што се нарекува МАКЕДОНЦИ. За жал на сите нас дома и во иселеништвото, таквото сценарио со овој таканаречен “попис” е во напредната фаза на реализација благодарејки на домашните слуги на ѓаволот – актуелната коалциија СДСМ-ДУИ.

Од тие причини се придружувам кон сите оние што повикуваат за игнорирање и непризнавање на пописот, свесен на последиците од таквите заложби.

Вообичаена пракса во светот е пописот на населението и на јавните добра да се прави на секои десет години, а истата се смета за најважна статистичка операција за нормалното функционирање на системот и за планирање на долгорочниот развој на земјата. Но самата изјава на А. Симовски „Наредните месец дена ќе бидам државен непријател, но ние не сме џубокс за исполнување желби, туку треба да направиме реална фотографија за населението“ фрла сомнеж дека многу нешта во врска со пописот не се објективни и како такви треба да ги третираме. Би му порачал на Апостола: Не само еден месец, туку цел живот ќе бидеш проколнуван за злосторот што ни го стори. Тоа да ти биде јасно!

Први со резерви кон објективноста на резултатите од пописот се изјаснија од ДУИ заканувајки се дека нема да ги признаат доколку албанци во Македонија се помалку од 20%. по што следеше изјавата на првиот вицепремиер, Артан Груби, кој изрази „жалење“ од изјавата на Симовски, но со додавка дека “нема потреба никој – ниедна етничка заедница, да се грижи и сите ќе биле задоволни, сите ќе бидат толку колку што се”. Груби не објасни од каде му се сознанијата за таква “утешителна” порака.

Но еве ги неофицијалните резултати: во Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, (што не е точно – забелешка моја) што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 милиони.(во моментот кога го пишувам овој прилог официјалните резултати сеуште не се објавени):

Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, македонците би излегле од 60 до 62%, албанците 29,5%, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10%, јавува ТВ 21.

Црни Апостоле, па каде се македонците во дијаспората човече? Само во Канада ги има далеку повеќе од 200.000, а што мислиш колку се, за жал, во Австралија (особено во Сиднеј, Мелбурн, Перт, Бризбен, Аделаид, Њукасл, Вулунгонг, Порт Кембла и да не наведувам понатаму)!? Каде ти се македонците од Германија, Швајцарија, а да не ги изоставиме САД каде ги има во стотици илјади!? Треба да одговараш за овој злостор што слугантски го стори Апостоле Симовски.

2. Бугарскиот премиер Кирил Петков зрачеше од среќа на пресот со колегите од Црна Гора, Македонија и Романија во понеделникот (28.03.2022) во Софија истакнувајќи дека бил постигнат “значаен напредок” во преговорите со Македонија. Иако не прецизира за кои прашања е постигнат напредокот што го спомена Петков, познато е дека станува збор за некакво заедничко (?) славење на Светите Кирил и Методиј и царот Самоил, а спорни се гледиштата за ликот и делото на Гоце Делчев.

Димитар Ковачевски невешто се обиде да прикрие дека македонската страна попуштила пред притисокот од бугарска страна, но самата изјава на еден член, кој си даде оставка од членство во Комисијата за историски прашања, е недвосмислен доказ дека македонскиот дел во мешовитата комисија е под огромен притисок на политиката да се прифатат бугарските инсистирања кои, судејки по изјавата на премиерот Петков, се направени од македонска страна со надеж дека конечно ќе се крене бугарската блокада за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ!?

Премиере на Република Македонија Д. Ковачевски, ќе те запрашам јавно: што ќе добиеме и да се тргне бугарската блокада и преговорите конечно да почнат??? Можеби некои ситни финансиски и други привилегии, но самиот Петков многу јасно ни порача дека очекува во наредните 15 години да се надминат сите отворени прашања! Да не заборавиме дека Бугарија може 72 пати во текот на преговорите повторно да не блокира инсистирајќи на нови барања и концесии од наша страна.

Дали ја сваќаш суштината на проблемот г. Ковачевски или не сметаш нас, граѓаните, за недоветни и не ги разбираме работите???

Ја повикувам опозицијата која сеуште дреме во длабок зимски сон да инсистира се што ќе биде договорено во преговорите со Бугарија да биде дадено на тестот на јавноста и народот на р е ф е р е н д у м да се изјасни дали ги прифаќа или не отстапките што една шака индивидуи на власт ги отстапува небаре им се приватно наслетво.

3. Македонското МНР, солидаризирајки се со повеќе членки на НАТО, протера пет руски дипломати. реакцијата на званична Москва беше брза и категорична: “ќе одговориме со иста мерка”.

Ова е трет пат како Македонија протерува руски дипломати и може да се каже дека односите помеѓу двете земји се на најсиско можно ниво.

Ај што ни се заканија за одговор со иста мерка, не ми е јасно кого ќе протераат русите. Па ние немаме во Москва ни амбасадор, а амбасадата е сведена на само еден дипломат и хигиеничарка. Патем да споменеме дека Македонија е во групата “непријателски земји” бидејки им воведовме санкции, нашата земја е 100% зависна од рускиот гас што сега ќе мора да го плаќа во рубљи, а нека му мислат струмичани каде ќе продаваат летово чушки и домати, бидејки рускиот пазар за нас веќе е затворен.

4. Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека доколку НАТО прати војници во Украина, и ние ќе сме го следеле тој потез како членка на НАТО!?

Кутрата Слкавјанка, па зарем женава не поднаучи некои работи од кога ја устоличија на таа позиција? НАТО госпоѓо Славјанке никогаш нема да прати војска во Украина бидејки тоа би значело директен воен судир на Алијансата со Русија што може да води до трета светска војна!!!

Госпоѓо министерке, во Армијата на Македонија и самото Министерство за одбрана има многу способни кадри кои одлично ги познаваат работите. Не е срамота да прашаш и да се консултираш пред да одиш во јавност со небулозни изјави како што редовно го правиш тоа.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер за иселеништво и екс амбасадор

Leave a Reply

Your email address will not be published.