Нов директор на Офицерскиот дом и киното „Манаки“ е Лили Бошевска

Лили Бошевска е именувана е за нова директорката на Јавната општинска установа Културен и информативен центар под чија надлежност се Офицерскиот дом и киното Манаки.

Лили Бошевска во два мандати беше директор на ООУ „Свети Кирил и Методи“ Битола и во еден мандат прв човек на Универзитетската бибиотека „Св Климент Охридски“ Битола. По професија е магистер на менаџмент на човечки ресурси и доктор по стратегиски менаџмент.

Лили Бошевска исто така е и автор на две книги проза и 4 книги поезија.

1 thought on “Нов директор на Офицерскиот дом и киното „Манаки“ е Лили Бошевска

Leave a Reply

Your email address will not be published.