Благојче Марковски го извади Богојавленскиот крст од светите води на реката Шемница во село Могила

Бог се јави! Навистина се јави! На сите православни христијани им го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици! Овој празник на крштевањето на Исус Христос во светите води на реката Јордан ја има симболиката на духовното раѓање и прочистувањето. Нека на овој ден и секој нареден нашите срца бидат исполнети со верба, надеж, милосрдие, љубов кон ближните и кон Бога и посветеност кон добрите дела!Нека Бог ги чуе нашите молитви и во домовите на сите верници нека владее хармонија, разбирање, љубов и здравје!Во село Могила најсреќниот е Благојче Марковски кој го извади Светот крст од водите на река Шемница. На сите среќни верници кои го извадија Богојавленскиот крст од светите води им посакувам да им донесе мир, благодет, добро здравје и многу радост. За многу години!

Драганчо Саботковски, градоначалник на Општина Могила

Leave a Reply

Your email address will not be published.