СПОРЕД ЗВАНИЧНА СОФИЈА: СКОПЈЕ СИ ГО ПРИСВОЈУВА Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ!?

1. Навечер, обично пред легнување, сурфам на мојот ноутбук (прирачен компјутер) за да сум во тек што се случува по светот. И морам веднаш да го споделам со вас читателите на моите прилози моето непријатно сознание – до степен на запрепастување: во Бугарија владее вистинска хистерија во смисол колку интензитвно се застапени бугарски ТВ серии, програми, интервјуа и што ти не друго – посветени на историјата! Токму така – на историјата, на минатото и се разбира сето тоа видено и прикажано низ бугарска призма, без исклучок!!! Онаму, каде во тие прилози не е можно a да не се спомене Македонија, тие детали најчесто се прикажуваат во бугарско светло, или едноставно не се споменуваат и се избегнуваат! Само неколку примери за потврда на ова што го пишувам:

Пример 1.

Најнов бисер од источниот сосед: Големиот научник и иноватор Никола Тесла имал и “бугарска крв”!? А од каде, да прашаме? Па (според бугарските историчари), наводно баба му била од Војводина, од Бугарите (?) кои се населиле таму бегајки од прогонот на Османлиите!? Но вистината е дека М а к е д о н ц и од потегот Крива Паланка- Куманово-Скопје се повлекувале на територијата на Aвстро-Унгарија (во Војводина) по пропаста на Карпошвото востание.

Пример 2.

Еден бугарски експерт за ликот и делото на Кемал Ататурк говорејки каде е роден и каде се школувал, скокна цел период од неговиот живот, а тоа е дека основачот на модерна Турција завршил воена академија во Битола, каде ја доживеал и првата љубов, но каде и се надојувал со европски идеи што подоцна ги спроведувал на дело во Република Турција. За Бугарите и Черноризец Храбар е Бугарин, а најгротескна ми е оптужбата кон нас дека, замислете:”Скопје си го присвојува Свети Климент Охридски!”. Па кој друг да го “присвојува” бре задрти крадци на историјата? Впрочем тој е н а ш, Македонски светител и нема зошто да го присвојуваме!!!

Слични примери има безброј но ќе споделам со вас и едно лично искуство кое покажува до каде оди бугарската бескрупулозност и задртост кога станува збор за крадење на нашата историја.

Експертот за калиграфија и глаголица Гоце Дуртаноски

Со експертот за калиграфија и глаголично писмо Гоце Дуртаноски (нашинец од прилепско кој живее во Германија) организиравме во 2003 перформанс во Велехрад, во чешкиот дел од Моравија, каде делувале Светите Кирил и Методиј во текот на нивната чртвта просветителска мисија, на тема живот и дело на светите браќа од Солун.

Гоце Дуртаноски постави изложба Manuscripta Glagolica со – калиграфски илустрации на секоја буква од глаголицата во поголем формат, а јас – како ентузијаст за историјата (не сум историчар), говорев за четирите мисии на Св. Кирил и Методиј, cо посебен акцент на Првата, и според мене најважна мисија – Брегалничката (токму во текот на таа мисија по течението на река Брегалница, во Македонија, е создадена глаголицата за потреба на Македонското население, за да можат Македонците да го разберат светото Евангелие кое солунските браќа го преведувале и пишувале на старомакедонски и со глаголичнто писмо!

Велехрад изобилува со цркви и манастири и во капелата наменета специјално за предавања, изложби и слични активности кон крајот на презентацијата се појави еден крупен маж со панагија на градите (на прв поглед се гледаше дека е православен владика), во придружба на еден свештеник. Само што влезе, веднаш почна да провоцира на бугарски во стилот:” Какво e тoва…”, “Нема старомакедонски јазик, тоа е старобугарски…” и слично во тој стил.

На Гоце му зовре крвта и лут му се обрати: “Ова е наша активност! Ако сакаш, гледај, а ако не ти се допаѓа ене ти ја вратата!”. Бугарскиот владика свати дека претера, внмимателно ја разгледа поставката на илустрации на глаголицата и на крајот се потпиша во книгата за впечатоци.

Владиката се викаше Кирил, митрополит Варнавски и Великопреславски (со крстено име Богомил Петров Ковачев) голем маж висок најмалку 185 цм. Бил одличен пливач, но нецел месец по настанот во Велехрад нa 9ти јули 2013 го најдоа удавен на плажите кај Варна, каде очигледно го стигна македонската клетва!

Во првите извештаи на полицијата беше речено дека се работи за убиство на митрополитот Кирил, а истиот ден вечерта малку ја ублажија веста и кажаа дека се работи за несреќен случај односно дека се удавил!? Но немам никаков сомнеж дека службите во Бугарија без милост го казнија митрополитот за вниманието што ни го посвети во Велехрад што многу јасно говори каков е односот на бугарската држава (и црква?) кога е во прашање историјата што ни ја испокрадоа и континуирано ни ја крадат!

Бугарските медиуми подоцна го истурија сиот гнев на Гоце Дуртановски.

Колку за информација, по смртта на патријархот Максим, токму митрополитот Кирил беше краток период патријарх на Бугарската православна црква до изборот на нов. а тој беше еден од кандидатите за нов бугарски патријарх.

2. Извесно списание “Нешнл интерест”, од Вашингтон, неодамна си дозволи луксуз да направи список на земји членки што, според весникот, биле “некорисни сојузници на НАТО и повеќе обврска за САД”!? Покрај Македонија во иста група се Црна Гора, Албанија, Словенија. Овие држави на воен план се земји од мала корист за НАТО и многу од таканаречените сојузници, за САД повеќе се обврска отколку од полза, пишува весникот! Авторот на текстот Тед Гален Карпентер, виш соработник за одбранбени и надворешнополитички студии во институтот Кејто во Вашингтон смета дека таквите „мали” и лесно вооружени „лилипутанци” се потенцијални стапици кои можат да ги втурнат САД во непотребни воени разврски!? Во истата група Карпентер ги става и трите балтички земји Естонија, Латвија и Литванија. Можеби на аналитичарот Карпентер ние му изгледаме мали и во неговите очи сме само терет (!) за САД, но ќе го потсетам дотичниот дека и така мали и според него неважни (!) членки и тоа како можат и се корисни за САД и за НАТО.. На пример: НATO не ќе можеше да ги реализира операциите против режимот на Слободан Милошевиќ 1999г без дирекно ангажирање на Македонија. Авионите на НАТО што полетуваа од базата Авиано во Италија, се дополнуваа со гориво над територијата на Македонија! Транспортот на опрема и тешко оружје од пристаништето во Солун во целост се реализира преку патиштата во Македонија (Албанија тогаш немаше патишта и пристанишни капацитети за таа цел)..

Македонските војници, го чуваа главниот штаб на операцијата ИСАФ и амбасадата на САД во Авганистан и во една прилика – кога Талибанците успејаа да навлезат во комплексот, н а ш и т е војници успејаа да ги ликвидираат и да ја отстранат опасноста. што се закануваше!

Кога станува збор за трошоците и “теретот” на САД, да го потсетам Карпентер дека при повлекувањето на Американските војници пред налетот на Талибанците минатата есен, САД и сојузниците им оставија опрема и оружје што се проценува на 80 милијарди долари. А по завршетокот на мисијата ИСАФ НАТО сојузниците повлекоа електронска, комуникациска и друга опрема од Авганистан во над 12.000 контејнери (а за тенкови и други оклопни возила, како и летала, да не говориме)!

Г-дин Карпентер, САД им дадоа на Хрватска и Албанија полни бродови со секакво оружје и воена опрема, па зошто не давате и на “некорисните сојузници” за да бидат покорисни? Патем, во пристаништето Адрианополис, во Грција, пред неколку месеци се истоварени огромни количини оружје и опрема, а ниe, т.е.нашите осиромашени економии треба да купуваат во кеш воена опрема за да функционира Американската воена индустрија!?

Или коментаторот Карпентер е тенденциозен со однапред таргетирана цел да ги мотивирате “некорисните сојузници” да купуваат оружје од САД (наместо да инвестираат во сопствениот развој), или не ги разбирате работите реално какви што се!? Тој по се изгледа не ја ни знае доктрината на НАТО сите земји од северна до јужна Европа да бидат членки на алијансата (единствен проблем им е Србија и БиХ, кои нема шанси да се придружат на Алијансата во догледна иднина).

3. НЕКОЛКУ КРАТКИ ЦРТИЧКИ:

  • Makeдонија во понеделникот (17ти јануари) доби старо-нова влада! Велам старо-нова бидејки од вкупно 21 министер, само пет се нови лица! Во владата дури 11 министри се од коалиционите партии на Албанците,
  • Не очекувам многу од овој состав на Владата бидејки сосема јасно е дека тоа ке биде продолжение на заевизмоит, т.е. на предавство на македонските национални интереси. Многу вројатни со нови отстапки кон Бугарија, за почеток на тие фамозни преговори за членство во ЕУ со што источниот сосед не уценува.
  • По предавањето на власта, лицето Зоран Заев (ЗЗ) изјави дека намеравал да се исели од Македонија (брат му Вицето купи куќа и имање дури во Аргентина) и ќе се занимавал со приватен бизнис вреден еден милион евра годишно!?
  • Први кои му честитаа на новиот премиер Димитар Ковачевски беа амбасадорката на САД во Македонија и германската министерка за Европа. Дали тоа значи поршка од длабоката држава и лицемерната ЕУ, не знам но претпоставувам и лично не очекувам ништо добро од оваа збирштина – наречена Влада на РМ!
  • Вчера (вторник, 18ти јануари) во посета на Македонија дојде новиот премиер на Бугарија Кирил Петков. Иако најави дека неговата влада ќе има нов пристап и ќе предложи формирање на нови групи за разговори меѓу двете земји за сообраќај, култура и сл, но уште пред да тргне на пат најави дека “Во Бугарија немало македонско малцинство” (на таа тема, според Петков, нема разговори со Бугарија!?) и “Бугарија ќе инсистира на вметнување на Бугарите во Уставот на Македонија”. Е па нека ни се на здравје новите влади и политики во Скопје и Софија!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

Среда, 19 Јануари 2022
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 154

Leave a Reply

Your email address will not be published.