На Василица во Прилеп 2022

На огромно задоволство на прилепчани, по повод празнувањето на Новата Година според јулијанскиот календар и празникот Св.Василиј Велики познат уште како Василица, денес за прв пат во центарот на градот се одржа настанот „На Василица во Прилеп 2022“.На штандовите под градскиот саат беа поделени околу 400 парчиња бурек, а граѓаните се послужија со варено вино и чаша топол чај.Сакам од мое лично име и од името на Општина Прилеп да им се заблагодарам на сите општествено-одговорни компании кои дадоа голем придонес за реализација и збогатување на овој настан.Ја користам оваа прилика на сите граѓани да им го честитам празникот и да им посакам многу здравје, среќа и успех во тековната година.Нека е за многу години!

Борче Јовчевски – Градоначалник на Прилеп

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *