Јавен повик за пријавување на штети од земјотрес од Општина Ресен

Општина Ресен ги повикува граѓаните кои претрпеле материјални штети на објекти од земјотресите кои го зафатија подрачјето на Општината на ден 09 и 10. 01. 2022 година, да поднесат барање за проценка на штета во просториите на Општина Ресен.

1. Барањето за пријавување на штета се добива во Општина Ресен или на веб страницата на Општина Ресен www.resen.gov.mk

2. Покрај барањето секој барател на претрпената штета треба да достави :• Фотокопија од имотен лист• Фотокопија од лична карта со Изјава за користење на личните податоци• Фотокопија од трансакциска сметка

3. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 9.00 до 15.00 часот, во периодот од 12.01.2022 година, заклучно со 27.01.2021 година во Општина Ресен.

4. Врз основа на доставените барања, Комисијата од Општина Ресен, ќе изврши проценка на настанатите штети на терен по што ќе биде соодветно постапено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *