ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ

После серијата земјотреси кои ја зафатија Општина Битола на ден 09.01 и 10.01.2022 година, се повикуваат жителите на општината кои претрпеле штета, да поднесат барање за проценка на штета на шалтерите во Општина Битола.
Во прилог на барањето потребно е да се достави: имотен лист/доказ за сопственост, фотографии од оштетениот објект, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка.
Врз основа на доставените барања, комисијата од Општина Битола, ќе изврши проценка на штетите на терен, по што ќе биде соодветно постапено.
Барањата можат да се доставуваат од вторник 11.01.2022 до среда 26.01.2022 од 07.30 до 15.30 часот.
Доколку им се потребни дополнителни појаснувања, во врска со поднесувањето на барањата (поднесување на барања кај колективни згради и слично), граѓаните може да се информираат на телефонскиот број 076485788, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *