БАДНИКОВА ВЕЧЕРА: МИР ВО ДУШАТА И ЉУБОВ ВО СРЦЕТО НА ЗАЕДНИЧКАТА ВЕЧЕРА ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА СЈУ РАЈДЕР

Десеттина невладини организации од Битола, денеска го посетија Домот за стари лица Сју Рајдер во Битола и организираа Бадникова прослава, со традиционална посна храна и многу овошје. Настанот го збогати и настапот на Византискиот црковен хор ,,Свети Нектариј Битолски”.
Помеѓу организаторите, беа и здруженија на Турците, Ромите и Албанците во Битола, кои заедно со Македонците заеднички го одбележаа овој значаен ден за нашите православни сограѓани.
Ова не е прв настан организиран од истата екипа – пред десеттина дена, истите здруженија го организираа и Хуманитарниот новогодишен базар на Широк Сокак, поддржан од Општина Битола.
Бадниковата вечера ја помогнаа и неколку битолски фирми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *