ПРВИ на ПРВИ – новогодишно искачување на ПЕЛИСТЕР

Изгрејсонцето на првиот ден од Новата година група планинари го дочекаа на врвот Пелистер.34 планинари своето новогодишно зимско искачување го започнаа од пред Офицерски дом, каде беа испратени од градоначалникот Тони Коњановски и оваа активност е последната со која се заокружи Зимската приказна.Оваа акција се организира по 11 пат, а започна како лична авантура на битолчанецот Влатко Карбалески.Од лична иницијатива до традиција, а низ годините му се приклучуваат групата „Олимпус Монс“ Иванчо Тошевски, Александар Димовски, Јасмин Биберовиќ и Ана Крбалеска и други вљубеници во планината, за годинава групата да биде најголема. Половина час пред полноќ тие беа на празничниот плоштад каде со музика и аплаузи беа испратени.На највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер, на 2.601 метар, да се доживее првото изгрејсонце е убав старт на Новата Година.Но за да не се пропушти раѓањето на денот на оваа височина, потребни се над 6 часа ноќно искачување, па планинарите тргна веднаш после полноќ, а мисијата годинава ја завршија за 5 часа.Иако Пелистер знае да биде суров во ова време од годината, со температура под -30 и силен ветар, годинава планината ги пречека овие ентузијасти во поблаги услови. Сепак врвот е окован во снег и мраз.На 1 јануари за првото изгрејсонце во Новата Година, стигнаа на највисокиот врв Пелистер, на пунктот Антена од каде фотографот Сашо Ставрев ги испрати овие фотографии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *