ПРИНУДЕН ОДМОР, ОТКАЗИ, ДОГОВОРИ БЕЗ ОБЈАВА НА ОГЛАС, ВРАБОТЕНИ СО ФАЛСИФИКАТ ДИПЛОМИ, ПРОДАЖБА НА ЕСМ И ШТО УШТЕ НЕ!

Денови сме сведоци на многу “небулози“ кои се случуваат во енергетската компанија АД ЕЛЕМ (ЕСМ). Се носи одлука за принудно испуштање на работници на одмор со 70% плата како претходница за отказ од работа, додека истовремено се ангажира Агенција за нови привремени вработувања од 1ви Јануари 2022 година. Потоа се склучуваат договори со непосредна спогодба со директно преговарање за ископ во РЕК Битола во вредност од над 18 милиони евра. Веќе најавивме дека ова “привремено“ праќање на принуден одмор е вовед во давање отказ од работа. Дали СДС спрема геноцид над сопствениот народ како во 2003 година?Само да се потсетиме дека СДСМ во 2003 година на сличен начин под форма на “економско штедење“ им даде откази на 1300 вработени во тогашното АД ЕСМ – (Електростопанство на Македонија) и во исто време на нивните места преку Агенција за времени вработувања прими 600 партиски послушници. Веднаш после тоа во 2005 година следеше поделба на ЕСМ и во 2006 година се случи продажбата на Електродистибуцијата на ЕВН, позната како “бонбона бизнис“. Крајот на тогашното СДСМ дојде во 2006 кога изгубија на изборите и цели 15 години не можеа да победат на ниту едни парламентарни избори, вклучувајќи ги и оние во 20216, кога на вештачки начин беа инсталирани на власт.Сега што следи? Дали под некоја “иновативна“ економска форма следи продажба на Електрани на Македонија? Дали историјата од претходното владеење на СДС од 2002 до 2006 се повторува?Во период кога декларираат т.н. “економско штедење“ се склучува договор без објава на оглас со непосредна спогодба за ископ во рудници во РЕК Битола за околу 18 милиони евра со МАРКОВСКИ КОМПАНИ од Битола кој настапува со подизведувачите ЈАВОР-ТРАНС и СИМ ИНЖИНЕРИНГ од Струмица. Оправдување за ова се непредвидени околности кои не можеле да се предвидат, иако цела Европа истите ги предвидуваше и се спремаше за енергетската криза, за која ВМРО-ДПМНЕ алармираше постојано.Дали овој Договор од 1.156.400.000 денари меѓу ЕСМ и Марковски Компани Борче ДООЕЛ Битола, склучен со постапка без преговарање и без претходно објавен оглас на БЈН е нешто слично како она што Боки 13 го објаснува во своето писмо од затвор? Боки 13 преку прашања објаснува како се рекетирани бизнисмените во Македонија и дава пример за познатиот Силјан Мицевски. Дали сега улогата на Силјан Мицевски ја презема Борче Марковски? Со СДСМ и Ковачевски сé е можно.Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *