Македонија доби нов сениор: 18-годишниот двометраш Стојковиќ

Ракометната репрезентација на Македонија има едно ново име меѓу сениорите, тоа е младиот кружен напаѓач Марко Стојковиќ кој доаѓа како принудна замена.

18-годишниот ракометар кој игра за новиот проект РК Алкалоид во Првата македонска ракометна лига доби повик од селекторот Кирил Лазаров на местото на Никола Маркоски. Долгогодишниот репрезентативец има повреда, па не се остава ништо на случајноста.

Стојковиќ, кој е висок два метри, ќе биде со тимот во Маврово и во Скопје, се верува дека ќе добие минутажа и на пријателските натпревари, па со тоа Македонија добива ново име меѓу сениорскиот состав на позицијата кружен напаѓач.

Претходно, Марко Стојковиќ беше дел и од тимот на Голден Арт. Во сениорскиот тим покрај Стојковиќ и Маркоски кој ќе замине во Маврово и ќе се прати неговата состојба, кружни напаѓачи се уште Столе Стоилов, Жарко Пешевски, Кристијан Симоноски и Костадин Петров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *