Стадионот под Тумбе Кафе да се вика „Петар Милошевски“

На наредната седница на Советот на Општина Битола која ќе се одржи во понеделник, на 27 декември, точка на дневен ред ќе биде и одлуката за промена на името на градскиот стадион во Битола во Фудбалски стадион „Петар Милошевски“.

Иницијатор на ова e Здружението на граѓани „ФК Пелистер Ветерани профи“ кој поднесе барање за преименување на градскиот стадион во Битола.

Во барањето стои дека здружението предлага стадионот „Под Тумбе Кафе“ кој наскоро ќе го добие својот нив лик со реновирањето и изградбата на северната трибина, да биде преименуван во стадион „Петар Милошевски“.

„Со вредностите, кариерата и своите човечки и спортски дела, нашиот Петар заслужува култниот стадион каде ги направи првите чекори да го носи неговот име. Како симбол на цела генерација која одбележа една ера во македонскиот фудбал, сметаме дека преименувањето на стадионот е само мал чекор како на младите да им порачаме да го следат неговиот развоен фудбалски пат. Иницијатива за именување на стадионот по нашиот Петар постои индивидуално, меѓу навивачите, по социјалните мрежим но овојпат сакаме како ветерани и пријатели на Петар и неговото семејство да предложиме официјално преименување на стадионот во Битола“, стои во барањет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *