Македонија ќе се соочи со Бугарија, Грузија и Гибралтар во Лига на нации

Македонија ќе се соочи со Бугарија, Грузија и Гибралтар во новото издание на Лига на нации за сезоната 2022/2023.

Распоред на натпревари

2 јуни 2022. Бугарија – Македонија 

5 јуни 2022. Гибралтар – Македонија 

9 јуни 2022. Македонија – Грузија

12 јуни 2022. Македонија – Гибралтар

23 септември 2022. Грузија – Македонија 

26 септември 2022. Македонија – Бугарија

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација ги даде следните изјави за предстојните натпрвари во групата:
💬 “Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови”.
💬 “Нѐ очекуваат сериозни натпревари. Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против Европскиот првак, Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група.
💬 “Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар. Денешниот фудбал, едноставно не трпи поинаков пристап.
Сѐ што ќе бараме од фудбалерите и целиот наш тим е максимално залагање на сите натпревари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *