Бидете дел од Охридската бајковита приказна

Една поинаква приказна која ќе Ви ја раскажат фамилија Цепенковски од Охрид е токму оваа, “Да ми дојдиш на визита” во стилот на фамилијарните и празнични средби во кругот со најблиските и најсаканите.
Секако ќе ве пречекаат со слатко за “добредојде” и традиционални даски приготвени од вештите раце токму од сопствениците, сето тоа зачинето со вкусно вино и звуци од акустична музика на Тони и Иван.. баш вистинска празнична идила!

За сите вие кои сакате да бидете дел од оваа бајковита приказна, мени картата е 650 ден по лице, со млечна даска за 4 лица или 950 ден по лице со Охридска даска за 4 лица, во двете даски вклучено е 0.7 л Сковин вино!

И пред самиот крај за “довидување” ќе ве послужат со овошје, турско кафе и спомени кои ќе ги паметите долго време!

Се гледаме во недела на 12.12.2021 во 18ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *