ДОБРО УТРО, УБАВ ДЕН – НОВА ПЕСНА НА БИТОЛСКИОТ БЕНД АМАНЕТ

Деновиве во студиото на Сашо Паркет во Битола, врие како во кошница. Се работи на новата песна на битолскиот бенд АМАНЕТ, со работен наслов ДОБРО УТРО, УБАВ ДЕН. Музиката и текстот се на Драган Романски кој ги свири гитарите на песната, а во проектот учествуваат и Шенол Мемиш – вокал, Дадо – труби, Ѓокан Луманоски – тарабука, Томче Јанкуловски – хармоника, Даниела Дани – пратечки вокали и Сашо Паркет – аранжер и продуцент. Се очекува песната да биде готова наредната седмица. Ова е втора песна на групата АМАНЕТ, а претходната НИЕ ИМАМЕ ИМЕ, МАКЕДОНИЈА ја снимија пред 4 години. Од бендот најавуваат снимање и на други песни во наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *