Денеска градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф.д-р Христијан Мицковски го посетија стадионот под Тумбе кафе, каде од 2016, започнат од тогашната локална самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ, се привршува проектот кој значи изградба и целонсо опремување на северната трибина. Во моментот се изведуваат градежни активности по забелешките од надзорот. Исто така, во тек е тендерска постапка за набавка на столчиња за трибината. Капацитетот на трибината е 4800 гледачи, а целиот стадион предвидува места за 9980 гледачи. Изведувач на проектот е Гранит, а надзорот е обврска на ЕОС консалтинг. Според динамиката, се очекува стадионот во целост да профункционира во текот на следната календарска година. Една од првите одлуки на новата локална самоуправа и градоначалникот Тони Коњановски е дел од Развојната програма да биде еден од приоритетните проекти Современ спортски комплекс во Битола, кој ќе се гради во областа Касарна, каде постои предвидена локација, а на почетокот на 2022 ќе се објави повик за идејно решение и изработка на проектот.Се што ветивме и што реално произлезе како потреба на граѓаните, остануваме посветено и сериозно да го реализираме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *