Против Италија во полуфинале во баражот за СП 2022

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Италија во полуфиналето во ждрепката за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Нашата репрезентација има речиси невозможна мисија да стигне до Мундијалот, бидејќи ако успее да ја елиминира Италија на гостински терен, тогаш во финалето ќе се сретне со победникот од пресметката помеѓу Португалија и Турција. Патот до Катар ќе биде уште потежок, бидејќи и  евентуалното финале ќе го играме на гостински терен.

Полуфиналето се игра на 24 март, а финалето на 29 март 2022 година.

Група А
(полуфинале)
Шкотска – Украина
Велс – Австрија

Група Б
(полуфинале)
Русија – Полска
Шведска – Чешка

Група Ц
(полуфинале)
Италија – Македонија
Португалија – Турција

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *