КАТАСТРОФА: Изгоре македонски автобус во Бугарија – 45 загинати, од кои 12 деца

Тешката сообраќајна несреќа, во која се запали автобус со македонски таблички се случила во текот на ноќта на автопатот „Струма“ во Бугарија. Меѓу загинатите има и 12 деца, а несреќата ја преживеале седум лица.

етириесет и пет лица, државјани на Северна Македонија, загинаа откако се запали патнички автобус со македонски таблички на автопатот Струма, јавува бугарската телевизија НОВА. Трагичниот инцидент се случил во вторник вечерта во 2 часот по полноќ во близина на селото Бошнек. Пламенот избувнал откако возилото удрило во заштитната ограда. Меѓу жртвите има и 12 деца, изјави министерот за внатрешни работи Бојко Рашков. Загинал и возачот.

Во автобусот, кој најверојатно патувал за Истанбул, се наоѓале вкупно 53 лица. Преживеаните во несреќата се 7 – 17-годишно девојче и шест возрасни лица. Сите се државјани на Република Северна Македонија. Тие се пренесени во Пирогов. Од болницата велат дека нивната состојба е стабилна и дека се надвор од животна опасност. Шестмина се со изгореници, а еден пациент има повреда на ногата.

За трагедијата бугарскиот премиер Стефан Јанев го информирал колегата Зоран Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *