СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: НЕПРИФАТЛИВО Е АЛБАНЕЦ ДА ГО РЕШАВА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ СО БУГАРИЈА ПОРАДИ КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ!

20 ноември 2021 година, Софија, Бугарија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) бара безусловно изземање на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи во односите со Бугарија! Чест кон албанската етничка припадност на министерот за надворешни работи на Македонија, но за Македонците е неприфатливо Албанец да го решава македонското прашање наспроти санстефанските апетити на Софија за руската креација Голема Бугарија од 1878 година!СМК потсетува дека Софија ја уцени Тирана за членство во Европската Унија со дополнување на Бугарите во Законот за заштита на националните малцинства. Наместо првично нотираните национални малцинства во Албанија, колку и што се’, во владиниот предлог-Закон – Грците, Македонците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите, под притисок на Бугарија, Собранието на Албанија на седница во 2017 година ги вметна и Бугарите кои никогаш не постоеле во историјата на Албанија! Денес, Софија за Бугари во Албанија ги смета Македонците и кон нив врши агресивна кампања за денационализација најчесто давајќи им бугарски пасоши, што побргу да заминат во цел свет само не во Бугарија!СМК ги предупредува Владата и Собранието, дека Македонците не се Бугари, Македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот јазик, Македонија не е дел од Бугарија, македонската историја не е дел од бугарската историја, Македонската Црква не е ќерка црква на Бугарската Црква, Македонскиот народ не е политичка нација креирана од Белград, КПЈ, Тито, Коминтерната, Цвијиќ и Новаковиќ – тоа се црвените линии за кои не смее да се преговара, за кои не се прави компромис поради никаков договор и членство во Европската Унија и НАТО Алијансата! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!Македонскиот народ не може да ја избрише бугарската фашистичка окупација врз Македонија во времето на Втората светска војна, ѕверствата врз Македонскиот народ и депортацијата на Евреите од Македонија во концентрациониот логор во Треблинка во Полска! Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, бараат Софија да се извини за сите историски и општествени неправди и ѕверства врз Македонскиот народ и Евреите од Македонија!СМК истовремено укажува дека правото на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ не значи: ПОСТОИМЕ од 1944 или од 1934 година! Правото на самоопределување и самоидентификација на еден народ значи право на етногенеза, јазик, култура, историја и територија во континуитет до денес од пред новата ера!Македонците ги прифаќаат Бугарите како политичка нација со своја културна идентификација. Но, постоењето на Македонија и Македонскиот народ не зависи од признавањето на Бугарија, како што постоењето на Бугарскиот народ и Бугарија не зависи од признавањето на Македонија! Разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика не треба да бидат пречка за соработка по сите прашања од заеднички интерес, но без мешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! СМК повикува на еднострано и безусловно распуштање на меѓувладината македонско-бугарска комисија за ревизија на македонската историја и безусловно раскинување на договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, бидејќи е ништовен според Виенската конвенција за договорно право од 23 мај 1969 година и подлежи на кривична одговорност во согласност со Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд од 17 јули 1998 година, ратификуван од Собранието на Македонија на 30 јануари 2002 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 12/2002)!СМК апелира до Македонците членови на меѓувладината македонско-бугарска комисија за ревизија на македонската историја да си поднесат безусловна и неотповиклива оставка доколку не сакаат да бидат впишани во диптихот на учесниците за велепредавство на Македонскиот народ и државата Македонија и да одговараат пред судот на народот, историјата и правдата!Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, ја отфрлаат новата октроирана политичка историја за Македонскиот народ и државата Македонија креирана од меѓувладината македонско-бугарска комисија на Заев и Борисов!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *