ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА СРЕДБА СО ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТППЕ БИТОЛА

Со информацијата за обезбедени средства преку општинската развојна програма за изградба на нова противпожарна единица, Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ги посети вработените во територијалната противпожарна единица. Пожарникарите, посебно ги акцентираа условите во кои работат и руинираноста на објектот, а како дополнителна тешкотија во функционирањето, го наведоа и застарениот возен парк.На средбата, градоначалникот информираше, дека токму поради ваквите сознанија, еден од главните приоритети во неговата програма е противпожарната заштита и создавање адекватни можности за квалитетно извршување на работата, а со тоа и зголемување на грижата за безбедноста на граѓаните и нивните добра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *