ОДБЕЛЕЖАНИ 77 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА ВО БИТОЛА

Денеска, во Битола се одржа чествување по повод 77 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада во Битола. „Кон традицијата со почит и поклон пред жртвите за најголемиот човечки идеал – слободата“ е пораката која беше испратена на денешниот настан.Свежо цвеќе пред спомен плочата, положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола и други делегации.Чествувањето на овој јубилеј беше во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *