17 ноември, Светски ден на предвремено родени деца

Предвременото породување е една од главните причини за смртност кај новороденчината. На ГАО при Клиницка Болница Битола оваа година 6% од породувањата завршиле предвремено. (од до денес 534 раганја 31 се предвремено рагање)

Стапката на предвремени породувања во земјава е околу 9%. Стапката на предремени породувања е повисока на ГАК каде завршуваат најголем дел од овие предвремени породувања. Предвременото породување е глобален проблем со кој тешко се соочуваат и развиените земји. Причините за предвременото породување се: инфекција, дијабетес, хипертензија кај мајката, интраамнионска инфекција кај пациентки со кратко грло на матка, ин витро оплодувањето. Благодарение на изготвувањето упатствата за антенаталната грижа,односно грижата за мајката во текот на бременоста како од страна на матичните гинеколози така и од специјалистите гинеколози акушери во секундарното здравство овај процент на предвремени породувања во Битолското ГАО и не е така голем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *