СПКатар: Македонија со убедлива победа со пет голови ја прегази Ерменија во Ереван

Македонска фудбалска репрезентација оствари голема победа против Ерменија во Квалификациите за Светското првенство во Катар догодина.  Во предтпоследната рунда од мундијалските квалификации Македонија на гости во Ереван ја победи Ерменија убедливо со 5-0.  Серијата на голови ја отвори Александар  Трајковски  во 22-минута по акција  Ашковски.  Енес Барди кој на овој меч ја имаше капитенската улога, мечот го заврши со хет-три.

Првиот свој, а втор гол за нашата селекција го постигна во 36-минута.  Во вториот дел, односно 53-минута Костадинов зголеми на 3-0, по што следуваа двата гола на Барди од пенал за конечни 5-0 за Македонија. 

Македонија сега е втора на табелата и ќе го чека исходот од вечерашниот меч Романија – Исланд на кој исклучително важно ни е гостите да останат непоразени, за да во последното коло токму против нив да решаваме за патникот во толку посакуваниот бараж.

Сите голови од мечот Ерменија – Македонија 0:5 (0:2)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *