Владиката Петар одбележа 40 години архиереј на МПЦ-ОА

Преспанско-пелагонискиот митрополит и администратот Австралиско-Новозеландски г.Петар одбележа 40 години архиерејски стаж во МПЦ-ОА. Јубилејот во кој беше прославен и 75 годишниот роденденот на Митрополитот, заедно со 40 годишниот јубилеј од неговата Епископска хиротонија, беше отслужена Света Архиерејска Литургија во соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј во Битола. На настаното пристуствуваа членовите на Синодот на МПЦ-ОА, и епископи, архимандрити и голем број свештеници и монаси.

По завршувањето на Божествената Литургија, Архиепископот г.г. Стефан, во името на САС на МПЦ-ОА, чија Одлука ја прочита Епископот Климент, му додели на Митрополитот Петар Орден на Свети Климент Охридски од Прв ред.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *