ДАЛИ СО МАКЕДОНИЈА ВЛАДЕ(АТ)ЕЈА МАНИЈАЦИ АЛЧНИ ЗА ВЛАСТ И ПРОФИТИ?

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 144

1. Колку и да звучи непријатно, дури шокантно, сепак заклучокот дека м о ж е б и, со Македонија владеат, или се поизвесно е дека владееја индивидуи кои не презаа апсолутно од ништо за да се дефокусира вниманието на јавноста за нивните недела, криминали и штетни политики само за да опстанат на власт? Примери што наметнуваат ваков заклучпк има на претек! Еве само неколку: Пример бр. еден: да се навратиме на “одбележувањето” на најсветиот ден за нас Македонците – 2ри август – двојниот Илинден. Претседателот Пендаровски ја наруши традицијата и не одржа говор на Мечкин камен, а Илинден беше оскрнавен и со приредбата во Крушево што не личешена ништо, а во која меѓународно познатиот Влатко Стефановски го честиташе празникот на “Северна Македонија”!? Небаре, според него, Илинденското востание и АСНОМ се случија во некоја Македонија со придавката што не сакам ни да ја споменам. И небаре случајно, а според мене најверојатно за да се забошоти скандалот во Крушево, “се самозапали шумата ” и за малку ќе изгореше цело Кочани, а тој ден гореше и пола Македонија. Нашиве некадарници не можеа да се справат со пожарите па на помош за гаснење ни дојдоа пожарникари од Австрија, Црна Гора, Бугарија и Србија! Пример број два. На Денот на независноста 8ми септември, власта организира улична приредба пред Собранието на РМ, во траење од дури три часа (сиротите присутни дипломати измрзнаа таа вечер), а пак небаре случајно, за да се забошоти и овој скандал, се запали (или ја запалија) монтажната болница за заразени со корона вирусот, во која живи изгореа 14 (и со зборови: четиринаесет) лица, сите етнички Aлбанци. Причина за пожарот (званична верзија) бил – замислете: продолжителен кабел и полнач за мобилен телефон!? Цела болница се пеплоса за нецели три секунди(!) – небаре беше полиена со керозин или слично средство што пребрзо гори. Случајност? Нема шанси!!! Но мора да потсетиме дека за испитување на причините за овој пожар дојде екипа од врвни експерти-форензичари од Германија. Тие дојдоа, видоа и за два-три дена си заминаа, но ние не чувме ни збор што констатираа германските форензичари!!! Пример број три: Во екот на до сега невидена енергетска криза и недостик на струја, изгоре трафостаница од третиот блок во РЕК Битола (за која експерти тврдат дека ќе треба најмалку една година за да се санира), а како последица на тоа не работат ни првите два блока на РЕК Битола е главен снабдевач на струја во Републиката/ За да не измрзниме зимава сега ќе треба да се увезува повекекратно поскапа струја. Па дури и да не беа овие хаварии, пак ќе беше неизвесно снабдевањето со струја бидејки надлежните не обезбедиле на време јаглен за термоентралата!? Дали е и овој пример случајност, заради некадарност на власта, или некоја порака во екот на најголемата политичка криза од осамостојувањето од владата на заминување (што не исклучувам) во стилот: еве што ќе ве снајдe, без нас? Има уште неброени слични примери на “инциденти” и афери (македонски пасоши на белосветската мафија и криминалци, на пример), што и не мора да се инциденти и затоа се прашувам: дали со Македонија владе(јат)еја бескрупулозни манијаци алчни за опстанок на власт по секоја цена и без разлика на последиците, или сепак се работи за случајности, што не верувам!!! Се надевам времето ќе ја каже вистината, кога и да е.

2. Македонскатаа пролет деновиве го доживува својот климакс. По најавата на Зоран Заев (ЗЗ)дека поднесува оставка на функцијата премиер и претседател на СДСМ, се покажа дека тоа било само обичен блеф да се дефокусира јавноста по катастрофалниот пораз што го доживеа на локалните избори на 17ти октомври неговата партија. Но се покажа дека ЗЗ и овој пат, како многупати во минатото, и з л а ж а и не достави оставка во писмена форма до Собранието кое – според Уставот, само требаше пратениците да ја констатираат, без да се води дебата. Опозицијата му постави услов на ЗЗ: ако до понеделник (8ми ноември) во 14.30 часот не достави писмена оставка, таа ќе побара гласање за доверба на владата. Речено – сторено. Писмена оставка нема, по што уследи барање за гласање недоверба на владата што ја предводи аболицираниот за криминал Зоран Заев во четврток – 11ти ноември. Сега се во тек пазарења за да се обезбедат 61 пратеник што ке гласаат за недоверба и пад на владата, бидејки некои од потписниците на иницијативата за гласање недоверба на владата очигледно – глумејки принципиелност, сакаат добро да го уновчат својот глас. Што ќе сеслучи на собраниската седница во четврток е многу неизвесно, иако на трпението на потписниците на иницијативата за гласање недоверба, но и на народот/гласачите во Македонија им се преку глава самоволијата, корупцијата и беззаконието од актуелниве и од страна наметнати властодршци.

3. Во среда (10 ноември), само еден ден пред гласањето за недоверба на владата на Македонија, во посета ни доаѓа премиерот на Холандија Марк Руте! Посета на вака високо ниво сред жестока политичка криза е невообичаена, но важна. Станува збор за прва посета на холандски премиер на Македонија! Холандија одсекогаш била наклонета на Македонија (дури и во претходната федерација) и беше наш спонзор во повеќе иницијативи и проекти на ООН. Холандија ја подржува идејата за членство на Македонија во ЕУ, но е одлучна против приемот на Албанија во Унијата! Од друга страна пак Италија е голем подржувач на Албанија и нејзин став е категоричен: или двете земји ќе започнат истовремено преговори за членство, или ниедна! На ова се надоврза Бугарија со блокадите и условувањата кон Mакедонија и почетокот на преговорите е под знак прашање! Марк Руте сосема сигурно носи нешто во својата актовка. Лично претпоставувам дека е некој предлог за компромис со Бугарија, со други зборови Македонија да попушти во своите ставови кон некои од барањата на Бугарија за да може да се избегне и по трет пат бугарска блокада на самитот на ЕУ во декември оваа година. Попуштање на бугарските уцени е својствено само на Зоран Заев, но не и на опозиционата коалиција која инсистира на негово заминување од политичката сцена по секоја цена. Следствено, доаѓањето на премиерот Руте јас лично го гледам како манифестација на подршка на Зоран Заев бидејки Европјаните се прагматични и сакаат да се надмине проблемот со блокадите кон Македонија. Кај нив нема емоции и сентименти! Има проблем што треба да се реши, а што мислат и чувствуваат Македонците, Европјаните многу не ги интересира.

4.Има чесни луѓе на планетава земја! Шпанскиот експерт за Балканот Естасо Перез неодамна констатира дека Македонија цели 30 години се соочува со регионални насилници и затоа треба да добие репарации (оштета)! “Искрено верувам дека еден ден, се надевам не многу далеку од сега, регионалното насилство од кое пати Македонија 30 години ќе биде признаено и ќе биде обезбедена рамка за репарации на македонската држава”, констатира политикологот Перез кој сега е ангажиран на Косово а пред тоа работел како шпански дипломат во Сараево. Според Перез, неприфатливо е бугарското уценување на Македонија со вето за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Идејата со барање репарации ми е присутна во главата веќе подолго време. На пример, зошто на бугарските невозможни барања и уцени македонската преговарачка страна не одговори со барање од наша страна со репарации за сите злосторства и штети што ни ги нанесе фашистичка Бугарија како окупатор за време на Втората светска војна? Станува збор за најмалку 20 (дваесет) милијарди долари). Зошто не ги побараме украдените артефакти од црквата Св. Климент во Охрид и златните наоди од Требеништа и се друго што ни испокрадоа низ вековите? Колку и да звучи анахроно, сепак мислам дека имаме сериозен аргумент во рацете да ги приземјиме нашите источни соседи и да бидеме рамноправни партнери во меѓусебниот дијалог!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *