ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се откажуваат од привилегиите

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се на терен од прв ден, се откажуваат од привилегиите и ќе започнат 3 капитални проекти уште првиот месец, се вели во партиското соопштение.–

Со самото стапување на функцијата градоначалник, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа на терен и почнаа со средување на општините, зголемување на хигиената, чистење на дивите депонии, уредување на шеталиштата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот состанок со градоначалниците упати порака тие да се откажат од привилегиите кои ги носи нивната функција, и да не користат службено возило за приватни цели и надвор од работните обврски, како и да не ги употребуваат картичките за ручеци освен кога имаат делегации или работни средби.Скромноста мора да биде одлика на секој јавен функционер.

Дополнително претседателот Мицкоски им кажа на градоначалниците дека граѓаните очекуваат проекти и  сработување на ветеното, во таа насока уште во првиот месец ќе отпочнат со 3 капитални проекти во секоја општина.Граѓаните очекуваат резултати. Промените мора да се случуваат бргу. Создаваме нова иднина, се вели во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *